475
„Бомби„ од нелегално прислушуваните материјали денеска ќе одекнат во Кривичниот суд на судењата за случаите „Траекторија“ и „Тревник“.
Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, и тоа за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид, поради сомнеж дека го оштетиле државниот буџет со најмалку 155 илјади евра.
На обвинителна клупа денеска треба да седнат и обвинетите во случајот „Тревник“, Драган Павловиќ – Латас, Срѓан Павловиќ и Звездан Павловиќ, кои СЈО ги гони поради сомнеж за злоупотреби при изградба на викендички во Зелениково.