414
Писмо од шест страни најде полицијата при претрес во станот на Далибор Јауковиќ, за кој постојат сомневања дека ја фрли вчера бомбата во амбасадата на САД.
Јауковиќ во писмото, меѓу другото, и се обраќа на фамилијата и роднините и ги моли да му простат за тоа што ќе го направи, пишува црногорскиот дневник „Побједа“. Во прошталното писмо тој ги опишува и своите лични и политички ставови.
Како што наведува „Побједа“ ова писмо би можело да пружи одговор за тоа кои се мотивите за нападот на Јауковиќ.
Во меѓувреме од црногорската полиција соопштија дека Јауковиќ по нападот не се разнел себе, туку бомбата била случајно активирана.
Фото: Anadolija, Adel Omeragic