Болсонаро се враќа во Бразил, но нема да ја предводи опозицијата

by Фокус

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е на пат за Бразил каде се враќа по неколку месеци поминати во САД, пренесува Би-би-си.

Екстремно десничарскиот политичар се враќа за прв пат во својата земја откако неговите приврзаниците упаднаа во Врховниот суд, Конгресот и претседателската палата во јануари по поразот на изборите.

Немирите во Бразил се случија  по неколкунеделни протести во кои неговите приврзаници тврдеа дека противкандидатот на Болсонаро, Луис Инасио Лула да Силва нелегитимно и со измама победил на претседателските избори.

Говорејќи на аеродромот во Флорида пред да се качи на лет кон Бразил, тој изјавил дека нема да ја води опозицијата против актулениот бразилски претстедател.

Сепак, во интервју за Си-ен-ен, тој истакнал дека со своето лично искуство ќе ѝ помогне на неговата Либерална партија и оти има намера да биде дел од кампањата низ Бразил за локалните избори во земјата кои треба да се одржат следната година.

Поранешниот претседател се соочува со бројни правни предизвици при неговото враќање, меѓу кои и истрагата што се води против негов за тоа дали тој ги поттикнал немирите во кои неговите привразници упаднаа во клучните владини објекти, една недела по инаугирацијата на Лула.

Тој ја напушти земјата во декември пред неговиот наследник да положи заклетва и отпатува на Флорида каде аплицираше за шестмесечна американска туристичка виза.

Поврзани новости