Мора да го одбраниме Бахмут, за да не правам компромис со Путин, порача Зеленски

by Фокус

Украинските бранители ги одбија новите бранови руски напади врз Бахмут, објави војската.

Претседателот Володимир Зеленски, пак, предупреди дека Киев не може да си дозволи да ја загуби битката за овој град во регионот Донецк, кој стана фокус на долготрајната офанзива на руските сили во источниот дел на земјата.

-Доколку Бахмут падне во рацете на руските сили, нивниот претседател Владимир Путин ќе ја продаде оваа победа на Западот, на своето општество, на Кина, на Иран. Ако почувствува малку крв, мириса дека сме слаби, ќе турка, ќе турка. Нашето општество ќе се чувствува уморно. Нашето општество ќе ме принуди да направам компромис со него – рече Зеленски.

Тој, исто така, го покани лидерот на Кина да ја посети Украина. Џинпинг не разговрал со Зеленски од почетокот на на руската инвазија на Украина во февруари мината година, но Кина неодамна објави план од 12 точки за политичко решение за војната.

Инаку, руските трупи изведоа 18 воздушни и три ракетни напади, како и 50 ракетни баражи по целата линија на фронтот во текот на претходниот ден. Истовремено, руските сили продолжија со гранатирање на регионот Херсон.

Поврзани новости