Болничарката која се сликаше селфи со пациент пред умирање е суспендирана од работа

by Fokus

Болничарката која речиси пред една година се сликаше селфи со пациент пред умирање е суспендирана од своето работно место на Одделението за Неврологија во Градската болница „8 Септември“, потврди за „Фокус“ директорот на болницата Христијан Костов.

„Болничарката е суспендирана од работа и сега треба да одлучиме како ќе биде санкционирана. Во моментов е формирана петчлена комисија која утре треба да заседава и да донесе одлука. Уште еднаш ќе повторам дека такви работи не смеат да се случуваат во болниците. Тоа е страшно. Пациентот е починат веќе една година- истакна директорот Костов.

„Фокус“ во последниот број на неделникот објави скандалозни фотографии од болничарка  која се фотографирала селфи со пациент на невролошкото одделение. На една од фотографиите може да се забележи дека болничарката носи болничка маска, а во нејзина задина е пациентот кој лежи во лоша здравствена состојба, целиот со цевки и приклучен на апарати за дишење.

И.М.

 

Поврзани новости