587
Еден од најдобрите боксери на 21 век, Флојд Мејведер одлучи да го плати погребот на Афроамериканецот, Џорџ Флојд кој пред неколку дена беше задушен од полицаец во Америка.
Веќе неколку дена во САД владее тотален хаос поради ваквата полициска бруталност, кога Флојд почина откако полицаец речиси десетина минути му го притискаше вратот со колено, додека Флојд лежеше на земјата.
Многу јавни личности ги поддржаа протестите во САД, но американскиот боксер замина чекор подалеку.
Освен трошоци за погребот, тој понудил и финансиски да го помага семејството на починатиот Флојд.