Седумгодишно дете паднало од тераса, со тешки повреди префрлено на скопските клиники

by Fokus

Седумгодишник паднал од тераса вчера во Кавадарци по што бил пренесен на скопските клиники, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Настанот бил пријавен попладне, а незгодата се случила на улицата Браќа Џунови.

Според информациите, детето паднало од терасата на куќата во која живеело и поради повредите, било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Поврзани новости