184
На социјалните мрежи е објавена еобична и забавна снимка од селото Куново во општина Гостивар која привлече внимание, откако на неа се гледаат два зајаци кои стојат исправени и меѓусебно се оттурнуваат, како да се во своевиден „бокс меч“
Видеото е објавено со доза на хумор од локалните жители, кои на шега напишале: „Нарушени меѓузајачки односи во селото“, што дополнително ја засили реакцијата на корисниците на интернет.
На снимката, двата зајаци се движат еден кон друг, се исправуваат на задните нозе и се удираат меѓусебно во една вистинска животинска „расправија“.
Видеото е преземено од фејсбук страницата на село Куново.