Боки 13 заразен со Ковид-19, пред еден месец бил вакциниран со втора доза

by fokus 13:15
13:15

Бојан Јовановски-Боки 13, веќе неколу дена е заразен со корона вирусот, додека престојува во затворот „Идризово“, каде што издржува 9-годишна затворска казна за случајот „Рекет“.

Информацијата за „Фокус“ ја потврди неговиот адвокат, Сашко Дукоски, кој појаснува дека Јовановски засега нема симптоми, но има коморбидитети.

Позитивен на Ковид-19 е и цимерот на Боки 13, поради што и двајцата се изолирани од другите затвореници.

Јовановски од домашен притвор во затворот влезе на 22 јули, со примена една доза вакцина, а пред еден месец од затворот бил спроведен во „Борис Трајковски“ за да ја прими и втората доза. Како што дознаваме, бил вакциниран со Синовак.

В.В.

Поврзани новости