Во Индија за еден ден се вакцинирани 10 милиони луѓе

by fokus

Во Индија за еден ден против коронавирус беа вакцинирани 10 милиони луѓе, што е рекорден број за земјата која се обидува да се справи со новиот бран на епидемијата.

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска го пофали „подвигот“, бидејќи земјата со 1,3 милијарди жители вчера успеа да вакцинира толку голем број граѓани.

– Им честитам на вакцинираните и на оние кои ја направија кампањата за вакцинација успешна, напиша Моди на Твитер.

Индиската Влада, која е цел на критики по брзото ширење на епидемијата, изрази надеж дека до крајот на 2021 година ќе вакцинира 1,1 милијарда луѓе.

Поврзани новости