Боки 13 поднесе кривични пријави против лекари, судии, обвинители и функционери

by fokus

Бојан Јовановски-Боки 13 денеска повторно до Обвинителството поднел уште шест нови кривични пријави, против повеќе лица.

-Поради фактот дека се работи за предистрага и само поднесување на кривична пријава, не можам да кажам за кои лица станува збор, само ќе кажам дека станува збор за претставници на медицинската струка кои учествувале во некакви процеси, претставници на власта, на судската и на обвинителската фела, изјави неговиот адвокат Сашко Дуковски.

Тој рече дека пријавите се поднесени за повеќе кривични дела, меѓу кои: злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно лекување на болни, тортура, обид за убиство и др.

Боки 13 пред неколку месеци поднесе 40-на кривични пријави против функционери.

Поврзани новости