Боки 13 однесен во „Идризово“

by fokus

Осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13 попладнево бил спроведен во затворот „Идризово“ на издржување на затворската казна од девет години.

Директорот на „Идризово“, Јовица Стојановиќ за „Фокус“ потврди дека Јовановски бил спроведен во затворот некаде околу 16 часот.

Според процедурата тој сега се наоѓа во приемното одделение во новиот полуотворен дел. Таму ќе остане минимум 30 дена и ќе му се направи досие и анализа за да биде прераспределен во соодветен дел од затворот според висината на казната.

Во првите десет дена ќе се следи и неговата здравствена состојба согласно ковид протоколите.

Јовановски бил спроведен во „Идризово“ по наредба на Кривичниот суд.

Во овој случај осудена е поранепната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева на седум години затвор, но за нејзиното спроведување од куќен притвор во затвор надлежен е судот во Гевгелија. -Воедно предметот ќе биде доставен и до судија за извршување сaнкции при Основниот суд во Гевгелија надлежен според место на живеење за понатамошно постапување за обвинетaта Катица Јанева, соопштија денеска од Судот.

Спроведувањето на Јовановски во „Идризово“ доаѓа откако Апелација ја потврди пресудата за случајот „Рекет“ и стана правосилна.

Одложувањето на затворот може да биде невозможна мисија за Катица Јанева и Боки 13

Поврзани новости