Боки 13 нуди гаранција од над 140 ијади евра да излезе од притвор, дел од куќа и локал

by fokus

Обвинетиот во случајот “Рекет”, Бојан Јовановски нуди над 140 илјади евра гаранција за да излезе од притвор.

Ова беше соопштено на јавната седница во Апелацискиот суд на која обвинетиот треба да ја образложи жалбата на решението за продолжување на притворот од 7 февруари 2020 година.

Како гаранција тој ја нуди куќата во вредност од околу 102 илјади евра и деловен простор, локал во вредност од 40 илјади евра или вкупно 143 илјади евра. Дел од куќата е на негов прв братучед и локал на неговата мајка.

Одбраната бара неговата жалба да се уважи и Јовановски да се брани од слобода, да му биде одреден куќен притвор или други мерки на претпазливост.

Неговиот адвокат како аргумент плус ја образложува неговата здравствена состојба за којашто треба посебен режим на исхрана, кој не може да се спроведува во затвор.

Јовановски е повеќе од седум месеци во притвор, за разлика од другите обвинети во случајот “Рекет”. Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева е во куќен притвор и другиот обвинет, Зоран Милевски – Кичеец кој беше осуден, и до правосилноста на просудата е во куќен притвор.

Ф.Ф.С.

 

Поврзани новости