Бојан Јовановски -Боки 13 од вчера e задржан на интензивна нега во болницата 8-ми Септември, потврди за „Фокус“ директорот за истражниот затвор Скопје, Есад Рахиќ.
– Поради влошување на здравствената состојба, првообвинетиот во „Рекет”, Јовановски синоќа беше пренесен во градската болница и таму е се уште, му се прават сите потребни испитувања и немаме дополнителни информации, појасни Рахиќ.
Боки 13 ноќта ја поминал под лекарски надзор откако претходно докторот во притворот побарал од судот тој да биде пренесен во болница.
Пред околу две недели неговиот адвокат Дуковски на прес конференција тврдеше дека Јовановски има сериозни здравствени проблеми и дека никој не сака да издаде решение за негова хоспитализација, но дел од медицинските установи ги демантираа наводите на бранителот . Дуковски посочи дека Боки 13 има нефункционален бубрег и проблеми со желудникот.
Првото рочиштето за случајот “Рекет” е закажано за 3-ти декември.