648
Донесов одлука, како самец, човек кој што не е во никаков брачен или партнерски однос да посвојам три деца кои што ќе бидат од различна вероисповест – христијанска и муслиманска, а третото дете сум сложен да биде со мали или умерени потешкотии во психофизичкиот развој, односно дете со специјални потреби, рече претседателот на Меѓународниот сојуз, Бојан Јовановски, на денешната конститутивна седница на Сојузот.
-Од секогаш сум имал посебно чувство за децата кои се без родители, кои што се оставени. Воден од идејата дека некој се бори со години да создаде семејство, да има свое дете, а некој ги остава така децата од разно разни причини – рече Јовановски.