Деловна партнерка на Бојан Јовановски доби кривична пријава од скопска градежна фирма, објави емисијата Код на Телма.
И оваа фирма била измамена според истата веќе позната шема од договорите со ГП „Пелистер“ од Битола и „Дрим билдинг“ од Струга.
Оваа невладина организација, Интернационалната асоцијација за човекови права, била основана пред Меѓународниот сојуз. И тука Бојан Јовановски имал деловна партнерка, чие име не е познато, која заедно со него ги убедувала бизнисмените за нивниот проект, за нивните познанства со власта и можноста за добивање грантови од европски фондови.
На ваквата игра, паднале менаџерите на една скопска градежна фирма која во периодот од јуни до декември 2017 година уплатиле речиси 260.000 евра на лична сметка на партнерката на Боки 13. На 10 јануари 2018 година тие успеале да ги вратат парите поради неисполнување на обврските од договорот.
Како што било наведено во договорот, била предвидена изградба на станови, спортски објекти, едукација за здрав живот и медиумска програма за општествена одговорност.
Парите биле уплатени во неколку транши од по 13.500.000, 1.977.600 денари и 618.000 денари.