Боки 13 функционира без бубрег, но нема барање од лекар да биде хоспитализиран

by fokus

Сашо Дуковски, адвокат на обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13, денеска кога судот го закажа првото рочиште за овој случај во разговор со новинарите обелодени дека здравствената состојба на неговиот клиент се влошува и дека му откажал левиот бубрег. Тој вели дека Јовановски практично функционира без еден бубрег.

– Секој ден здравствената состојба му е се покомплицирана. Урината му е кафеава. Вчера стражарно беше спроведен на ректоскопија. На 20 овој месец му е закажана колоноскопија за која претходно треба да е на посебен режим. Нема што не му е. Кога лежи желудочната киселина му оди право во белите дробови. Може да умре за 15 минути. Јовановски нема желудник и за тоа има 10 лекарски мислења дека треба да биде хоспитализиран – вели Дуковски.

Директорот на затворот во Шутка, Есад Рахиќ каде е сместен Јовановски, за „Фокус“ објансува дека Јовановски редoвно се носи на прегледи кај специјалист и тој на своја рака не може да даде наредба Јовановски да биде хоспитализиран.

-Таа одлука ја носи судија на претходна постапка врз основа на медицинска документација. Јовановски редовно го прегледува затворскиот лекар и секогаш кога има потреба тој оди на специјалистички преглед. Сепaк за да биде хоспитализиран специјалистот треба да даде такво мислење, објаснува Рахиќ.

Од притворањето на Јовановски, тој се жали дека има проблеми со желудникот, а кога беше однесен во Обвинителството да даде исказ Јовновски колабираше и беше однесен во болница. Иака и пред Апелација бараше да биде пуштен од притвор со образложение дека неговиот живот е во опасност, судот не го прифати барањето.

Тој заедно со поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец треба да се појават во суд на 3 декември за кога е закажано првото рочиште за случајот „Рекет“. Ф.Ф.С.

Поврзани новости