Иако денешното рочиште за случајот “Рекет” се одложи, поради отсуство на адвокатите на Катица Јанева, сепак Бојан Јовановски и се обрати на судијката и и се пожали за здравствената состојба.
– Состојбата не ми е добра, дури 55 пати сум носен во болница. Не сум експериментален глушец, еден кажува едно, друг друго, за да на крајот обвинителката Вилма Русковска констатира дека сум во добра здравствена состојба, рече Јовановски.
За неговата здравствена состојба пред новинарите зборуваше и неговиот адвокат Сашко Дуковски.
-Сами можете да заклучите каква е здравствената состојба кога 55 е носен на здравствени интервенции. За напоменување е дека пред неколку дена му се земени примероци од неколкуте чирови во неговиот желудник, за да се види дали можеби станува збор за карцином. Сите лекари се сложни дека треба да биде на строг хигиенски режим, а тоа не може да се спроведе во затворот во “Скопје”, рече Дуковски.
Тој додаде и дека Јовановски е дискримониран, бидејќи само тој бил во притвор, а Катица Јанева била во куќен притвор.
-Јавно кажувам доколку нешто му се случи на Јовановски ќе бидат поднесени неколку кривични пријави, рече адвокатот Дуковски.
Денеска во Апелација е закажана јавна седница на која Јовановски бара да му биде укината мерката притвор.
В.В.