Рио Фердинанд зачуден: Кој ги донел овие играчи во Манчестер јунајтед?

by fokus

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд по поразот (0:2) на неговиот поранешниот тим од Барнли во 24. коло од Премиер лигата, ја критикуваше работата на клубот на трансфер пазарот.

– Јас сум фан на фудбалот. Ми се допаѓа овој клуб и сакам да биде успешен. Сите што работат во него треба да се запрашаат за ситуацијата во која се наоѓа тимот. Гледате какви играчите дојдоа. Дали се тие навистина играчи на ниво на Манчестер Јунајтед? Кој ги купува овие играчи? Тренерот или клубот? За овој тим беа потрошени 600 милиони фунти, а домашните талентите се најдобри играчи оваа сезона. Тоа кажува многу. Ова покажува колку е лоша работата на скаутите. Погледнете го Ливерпул, тие ги купуваат најдобрите играчи погодни за нивниот систем. Ова не е краткорочно решение. Апсолутно спротивно прави Манчестер јунајтед, потенцира Фердинанд.

Манчестер јунајтед по 24 натпревари во Премиер лигата има собрано 34 бода, доволни за во моментов петто место кое е далеку од амбициите на навивачите и раководството на клубот.

Поврзани новости