По завршувањето на денешното рочиште за случајот “Рекет”, кое се прекина бидејќи двајцата обвинети Бојан Јовановски и Катица Јанева посочија дека не се чуствуваат добро, Боки 13 и даде рачно напишано писмо на судијката Васка Николовска Масевска.
-Барам да бидам изведен пред републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, поради наводите за кривичните пријави кои ги најави вчера, рече Јовановски, додавајќи дека тука е се наводите и за кривичната пријава за обвинителката Вилма Русковска.
Судијката рече дека ќе го проследи писмото до обвинителот Јовески.
Вчера Јовановски јавно ја обвини обвинителкат Русковска дека била дел од корупција, тешка 4 милиони евра.
На денешното рочиште со часови се презентираа доказите кои обвинителството ги обезбедило при претресите во домовите на осомничените. Се презентираа и фотографии од брендираната облека на Боки 13.
В.В.