Кабинет на Шкријељ: Министерката Мизрахи да работи според закон и да го почитува она што самата го потпишала

by fokus

Министерството за труд и социјална политика е институција што овозможува функционирање на серизни ресори. Во досегашниот две и полгодишен период, никогаш не било доведено во прашање неговото функционирање. Уште еднаш сакаме да ја потсетиме техничката министерка Рашела Мизрахи дека целта на изборот на техничкиот министер и на дополнителниот заменик министер е организација на изборите за пратеници во Собранието, а не доведување на јавноста во заблуда, ширење клима на страв и исчекување и оневозможување на редовно функционирање на администрацијата, реагираат од Кабинетот на дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ, по обвинувањата на министерката Рашела Мизрахи дека ја опстуира работата на Министерството.

Законот за Влада, се вели во реакцијата, е јасен – дополнителниот заменик на министерот заедно и рамноправно со министерот учествува во остварувањето на надлежностите на министерството, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и ги потпишува сите акти и документи кои ги донесува министерот или лица овластени од него, заменикот на министерот како и државниот секретар во соодветното министерство, а се однесуваат на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организацијата на изборите.

– Ние бараме од техничката министерка да работи согласно законот и да го почитува она што самата го потпишала. Наша обврска е да овозможиме непречено и законитo функционирање на МТСП, со цел граѓаните навремено да ги остварат своите права и навремено да добијат квалитетни социјални услуги, се вели во соопштението од кабинетот на дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика.

Поврзани новости