По обвинувањета за фалсификувано решение од Кривичниот суд по наредба од претседателот Иван Џолев со кое, како што соопштија од правниот тим на Боки 13, во предканцерогена состојба и видно влошена здравствена состојба која не може да се третира во затвор, го врати Бојан Јовановски познат како Боки 13 во „Идризово“, осудениот испрати барање за вонреден надзор и контрола од страна на Судскиот совет.
Јовановски извести дека бара и вонреден надзор на АКМИС-системот бидејќи АКМИС-от е злоупотребен. Бара ревизија и на сите судски решенија за прекин на казната.
-Потсетуваме дека Јовановски веќе алармираше дека е мета на невидена и незапаметена тортура, која исто така, влијае на неговото здравје. Враќањето на Јовановски во пенални услови и во ваква здравствена состојба не претставува само грубо кршење на неговите права, туку и опасност за неговиот живот.
Јовановски очекува тортурата кон него да биде поинтензивна и поради сите јавни објави. Ја повикуваме јавноста будно да го следи процесот кој тој го иницираше, велат од првниот тим на Боки 13.