539
Бугарскиот премиер Бојко Борисов во телефонски разговор му ја честитал на Зоран Заев новата функција премиер.
-Личните средби со Вас господине Заев ми даваат основа да верувам дека заедно можеме да работиме за подобрување на доброседските односи меѓу нашите две држави и да ја доближиме Република Македонија до преговорите за присоединување со Европската Унија, порачал Борисов во разговорот со новиот македонски премиер.
Борисов потенцирал дека изборот на новото македонско раководство е долгоочекуван чекор во ставањето крај на политичката криза во Македонија.