Бојана Атанасова и официјално е нов шеф на кабинет на министерот за здравство Венко Филипче, откако нејзиниот претходник Дејан Блажески пред десетина дена си поднесе оставка од функцијата.
Ваквите информации на „Фокус“ ги потврди и Атанасова, која додаде дека веќе почнала да ја извршува новата функција. Наследничката на Блажески има магистратура по јавно здравје и исто така доаѓа во министерството за здравство откако Филипче доаѓа на функцијата.
Од друга страна, пак Блажески повеќе не се појавува на работа во министерството за здравство, а како што претходно објави „Фокус“, тој сам одлучил да си поднесе оставка поради лични причини.
Претходно, министерот Филипче изјави дека после враќањето од службен пат ќе разговара со Блажевски и ќе се потруди да го убеди да го задржи на функцијата. Оттогаш поминаа повеќе од десетина дена, но средба меѓу првиот лекар во здравство и неговиот сега поранешен шеф на кабинет немало.
И.М.