СЈО: Со потврдената пресуда за обвинетата од УБК се потврдува и обвинението за „Тврдина 2“

by fokus

Со потврдување на пресудата за службеничката од УБК осудена во „Тврдина2“, од страна на Апелација, се потврдува фактичката состојба и теоријата на обвинението што го застапуваше СЈО, ни изјавија од Специјалното јавно обвинителство.

Ова е ставот на СЈО откако од Апелација потврдија дека е укината пресудата за Горан Грујевски, но е потврдена за една од обвинетите која исто така поднела жалба.

Ова значи дека пресудата за „Тврдина 2“, која беше укината за првообвинетиот  Грујевски е укината поради технички пропуст или грешка, но не и поради суштествен пропуст во обвинението.

И претходно судијата Сафет Кадриу ни изјави дека пресудата за Грујевски била укината бидејќи не биле исполнети законските услови за судење во отсуство.

Петте обвинетите службенички во УБК, од кои само една се жалела во Апелација, добија по една година условна казна, која нема да одлежат доколку не направат кривично дело во наредните 3 години. Само една од обвинетите, исто така службеничка во УБК, доби условна казна од 9 месеци, која нема да се изврши доколку не направи кривично дело во наредните две години. Таа доби пониска казна, бидејќи придонела во утврдување на вистината за случајот.

В.В.

Поврзани новости