666
Новоизбраниот градоначалник на Кратово од редовите на СДСМ, Љупчо Бојаџиев, го прекина децениското владеење на социјалистите на Љубислав Иванов – Ѕинго во овој град од втор обид, победувајќи го во првиот круг на локалните избори кандидатот на Социјалистичката партија поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Мите Андоновски.
Инаку, Бојаџиев беше кандидат за градоначалник и на локалните избори далечната 2000 година, но не на СДСМ туку на тогашната коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Демократската алтернатива.
Овој доктор-офтамолог, роден во Струмица, загуби на тие избори од кандидатот на социјалистите тогаш поддржан од СДСМ, Стојан Миланов, меѓутоа 17 години подоцна, со сменети улоги на СДСМ и на ВМРО, успеа да ја урне империјата на Ѕинго.