437
Македонските банки немаат потреба од надворешна помош за да го превенираат евентуалното влијание од кризата во Грција, смета гувернерот на Народната банка на Македонија Димитар Богов.
– Не очекуваме на Македонија да и биде потребна каква било надворешна помош. Веруваме дека домашниот банкарски сектор е отпорен, но секогаш е добро да има отворени опции – изјави Богов за Ројтерс.