Гувернерот Димитар Богов денеска оствари средба со претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, за да го информира за преземените мерки и активности на Народната банка и за можните сценарија при разрешувањето на кризата во еврозоната. На средбата, гувернерот нагласи дека депозитите во македонските банки се сигурни.
-Можам да им порачам на сите дека депозитите во сите македонски банки се сигурни. Банките се стабилни и македонскиот денар останува стабилен. Тој ќе ја преброди и оваа ситуација и овој потенцијален шок од грчката должничка криза, рече Богов.
Како што информира Кабинетот на претседателот Иванов на средбата е разговарано и за поставеноста на монетарната политика на Република Македонија во контекст на последните случувања од грчката должничка криза и за можните рефлексии врз Македонија.