458
Еден од иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески во вечерашното гостување во Топ тема на Телма рече дека потребата од промени и реформи во партијата се појавува циклично, на отприлика секои 10 години.
-Во 1998 година, слоганот на ВМРО-ДПМНЕ беше дека промените се природни, дека се добра работа и дека нема потреба од страв од промени. Во 2006 година по смената на Георгиевски се случи таканаречената преродба во партијата. Сега пак е дојдено време за нова преродба, односно реформи во ВМРО-ДПМНЕ, рече Богојески.