Богојески: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ идеологијата ја црпи од стара Југославија, наместо од ВМРО

by fokus

Петар Богојески од Македонски концепт во изјава за Фокус вели дека денес главна тема е Статут на една политичка партија, а не иднината и судбината на земјава после вакви, како што вели, скандалозни избори.

-Во политиката мора да се држиме на принципиелни позиции. Знам дека оди бавно, но сигурно!  За каков Статут на ВМРО ДПМНЕ зборуваме, кога цела Европа ја карактеризира како проруска партија, на која се гледа како фактор за дестабилизација, кој е против НАТО и ЕУ! Тоа е така затоа што, не се раководи од изворните принципи на ВМРО, а идеологијата ја црпи од историските читанки на стара Југославија. На место, со осамостојувањето на Македонија, да триумфира идеологијата на ВМРО, ние сме сведоци дека всушност СДСМ се сообразува со неа, макар и срамежливо, без скандалозната изјава на господин Заев дека во кодот на вмровците е да бидеме шверцери на опиум, нешто што е навреда за секој Македонец, а ВМРО ДПМНЕ останува заложник на политиките на СКМ-ПДП од времето на Црвенковски!, смета Богојески.

Тој додава дека денес со ВМРО ДПМНЕ раководат луѓе кои не знаат ништо за историскиот континуитет на ВМРО, а со кој единствено може да и се спротивстават на левичарската идеологија.

-Во таа насока е и пројавата на колективното лудило наречено Левица, како отпор кон инструментите и аргументите за решавање на односите со соседите, кои се во вистината за ВМРО, затоа што датираат пред 1944 година, а не во рамки на левичарското национал – социјалистичко пројавување на овие избори. За жал, доволно граѓани не го согледаа тоа на овие избори, како понуда на Македонски концепт и покрај масновната кражба на гласови, а се одлучија да поддржат лажна надеж на некаква си Левица, но и на ДПМНЕ кое се повикува на ВМРО, а користи аргументи од после 1944 година. Генерално, резултатот од овие избори е лош за сите политички партии, но најлош за македонската државност. Веќе фативме крив правец, од кој тешко и со многу напор во иднина ќе се обидеме да ги санираме последиците, вели Богојески.

К.С.

Поврзани новости