Богојески: Дури ни Грците не си дозволија да ја оспорат државноста на Македонија како Бугарија

by fokus

Петар Богојески од Македонски концепт во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека Бугарија ја надминала и Грција со меморандумот испратен до Брисел.

-Не се занемарува фактот, бидејќи ние се уште како официјално за државна историја ја имаме југословенската. Меѓутоа едно е да зборуваме во учебник во шестто одделение, а друго е позицијата на Бугарјијата во меморандумот со која ја оспорува државноста. Тоа е агресија. Со официјален документ до Брисел се оспорува државноста. Дури ни Грците не си дозволија да ја оспорат државноста на Македонија. Бугарија мора да го повлече меморандумот и да се извини, смета Богојески.

Поврзани новости