431
Пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски денеска во Собранието рече дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не се плашат ни од кантонизација, федерализација, двојазичност или бинационалност.
Тој го откопча сакото под кое имаше маичка со натпис СЈО и покажа од што се плашат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
-Свесни ли сте што правите? Ако не ја блокиравте работата цели 108 дена досега ќе расправавме за законот за конфискување за противправно стекнат имот, сега ќе расправавме за враќање на милијардите изнесени од државата, рече Богоевски.