Пред големиот број демонстранти кои во моментов се наоѓаат пред Влада, се обрати активистот Павле Богоевски, кој вчера беше приведен поради учество во Шарената револуција.
„Пак дојдовме! Но не сме само ние што сме тука 15 илјади луѓе, има многу повеќе кои се со нас. Сите сме дел од промената. Гласот на граѓаните мора да важи. И тоа не само на улица и Собрание, туку во сите процеси што се од јавен интерес. Сите граѓански здруженија, кои го кренаа гласот против ова злосторничко здружение ќе продолжат заедно. “ – рече Богоевски.
Тој ги повтори и главните барања на Шарената револуција и тоа: Граѓаните да бидат дел од сите преговарачки процеси, Уставниот суд да се произнесе за СЈО и да се формира специјално одделение на Кривичниот суд за предметите на СЈО.
Богоевски ги повика сите граѓани, политички парии и невладини организации кои се согласуваат со овие барања да се приклучат на протестите на Шарената револуција.