Богоевски: Сакаат да ме замолчат!

by fokus

Ексразузнавачот Слободан Богоевски, смета дека со тужбата против него за навреда и клевета поднесена од Али Ахмети и Муса Џафери, се врши притисок врз него за да се откаже од сведочењето во Њујорк.

Во него тој открива дека 7,5 милиони евра биле внесени во Македонија со службен владин автомобил за поткуп на тројца политичари, експремиер Владо Бучковски, Ахмети и Џафери.

Судењето на Богоевски денеска по втор пат беше одложено. Судот ниту денеска не се произнесе по барањето на одбраната на Богоевски за утврдување на надлежност на македонскиот суд. Според адвокатот на Богоевски, македонскиот суд е ненадлежен бидејќи изјавата на Богоевски дадена за потребите на постапка во САД и е дадена во американската амбасада која, според меѓународното право, не е територија на Република Македонија.

Богоевски се закани дека доколу судот се прогласи за надлежен, ќе поднесе кривични пријави против Ахмети и Џафери и за судијата кој го води случајот.

-Нека заврши подготвителното рочиште и во зависност од одлуката на судот ќе процесуирам кривична постапка против тужителите и сите кои учествуваат во ова, бидејќи се обидуваат да постигнат повеќе ефекти и да се правдаат пред електоратот дека се чесни – рече Богоевски, на излегување од судот.

Поврзани новости