Ахмети се консултира со претседателството на ДУИ

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети се координира со најтесното претседателство на партијата, во пресрет на конечната одлука за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Во седиштето на ДУИ во Мала Речица попладнево пристигнуваат функционери кои поединечно се среќаваат со Ахмети. Централното претседателство се уште не е закажано, а дел од членовите за 24 вести велат дека или ќе биде попладнево или пак утре доколку „заглават“ потпретседателите на состанокот.

Партиски извори за телевизијата брифираат дека на мнозинството од функционерите на ДУИ се изјасниле против коалиција со Никола Груевски.Неговиот мандат пак, за составување влада истекува за два дена.

Поврзани новости