393
Павле Богоевски во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека не е точно дека во Владата има разногласие по однос на преговорите за името, туку само дека тоа е динамичен процес, во кој се јавуваат различни мислења.
-Како и се останато, самите преговори се многу динамичен процес. Самите услови се многу ограничувачки за комуникација со јавноста. Различните мислења се здрави, вклучително и во Владата, но на крај крајниот збор го има претседателот на Владата, Зоран Заев. Сепак, не станува збор за крајно спротивни мислења, рече Богоевски.