Богоевски: Полицијата и граѓаните се денес еднакви пред Законот

by fokus

За разлика од неказнивоста, која што претходно постоеше во однос на полициските службеници и незаконската примена на сила, денес тие се еднакви пред Законот со останатите граѓани, изјави на прес конференција во паркот Жена Борец, пратеникот од СДСМ и некогашен предводник на шарените револуционери, Павле Богоевски.

-За разлика од претходната практика на раководството на прикривање и заташкување на  прекумерна  употреба на полициска сила, денешното раководство на МВР експресно ги расчистува и истражува случаите на прекумерна употреба на полициска сила и незаконска примена на овластувања. Доказ за тоа се и брзите расветлувања на случаите на полициско пукање во Струмица, како и на незаконска прекумерна употреба на полициска сила врз ненасилни демонстранти во Скопје.

Постојните механизми и законската регулатива, додаде тој, треба да се надградат и треба да се прошират, во насока на истражување на прекумерна примена на полициска сила и зголемена транспарентност на истрагите.

Поврзани новости