562
Некогашниот пратеник Павле Богоевски во гостувањето во Утрински брифинг на Слободна ТВ, говореше за последните политички случувања во Собранието на Македонија.
Како што истакна тој, ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотира Македонија уште од 2016 година.
„Собранието беше блокирано и пред ВМРО-ДПМНЕ да најави дека оди во бојкот.Не знам што ќе биде вечер, но претпоставувам дека ќе се чукаат по рамо и дека ќе си се фалат колку успешно успеалае да ја блокираат државата и институциите во услови во најголемата криза и не очекувам ништо повеќе од тоа“, вели Богоевски.