Постапката против Зоран Заев за обид за насилство против највисоките државни претставници е недозволива, зашто никој не може да одговара кривично ако пријави кривично дело, тврди екс шефот на македонското разузнавање Слободан Богоевски во интервју за Нова.
– Ако внимателно се чита Уставот, и опозицијата е дел од уставниот поредок па тргнувањето против неа без цврсти докази е удар врз Уставот, и тоа од страна на самиот премиер кој со настапите врз притисок врз судот и обвинителството – смета Богоевски.
Тој додава дека тезата дека зад снимките стојат странски служби е безмислена, но доколку навистина е така, според него, тогаш премиерот Никола Груевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска веднаш треба да поднесат оставки зашто го дозволиле тоа.