Богоев: Урбанистичките планови во иднина ќе се прават во договор со граѓаните

by fokus

Стефан Богоев од СДСМ денеска во изјава за медиумите рече дека по преземањето на локалната власт во општина Карпош ќе било ревидирано носењето на деталните урбанистички планови за Карпош 3 и Карпош 4.

– Се обврзувам и ветувам пред граѓаните на Карпош дека сите измени во иднина на урбанистичките планови ќе се прават во договор со граѓаните и ќе се прават на чесен, транспарентен и отчетен начин со цел заштита на зеленилото, чистиот воздух во општината и обезбедување на чист, модерен и зелен Карпош, рече Богоев.

Поврзани новости