593
Некогашниот градоначалник на Општина Карпош и актуелен потпретседател на СДСМ, Стефан Богоев во гостувањето во ТВ 24 говореше за одлуката на Основниот суд Скопје 1 за конфискација на партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
„Според информации од лица што биле таму, паркетот во палатата е идентичен со паркетот во премиерскиот кабинет. Таа палата некој своевремено ја правел да му личи како дома, односно како во влада. Може да има премиерски паркет, но нека собере регуларна членарина и со легални пари“, истакна тој.