Кандидатот за градоначалник за Карпош од редовите на СДСМ, Стефан Богоев денеска со неговиот тим го посетиле Домот за стари лица “13 Ноември”, во Злокуќани.
Тој истакна дека скромно донирале, но се подружиле со нивните повозрасни сограѓани кои се сместени тука.
– Од ова место, сакам да најавам дека имаме план, во нашата Програма за живот во Карпош за изградба на комплетно нов Дом за возрасни лица и центар за рекреација, тука во Злокуќани, на Kејот на реката Вардар, на површина од повеќе од 2.500 м2, со двор кој ќе биде приспособен за рекреација и меѓугенерациско дружење меѓу повозрасните кои ќе бидат таму сместени, но и сите оние кои ќе сакаат да присуствуваат таму. Нашата цел не е само по домовите за возрасни лица и по пензионерските клубови кои ќе ги правиме во Карпош само повозрасните лица да седат, нашата цел е внатре содржините да бидат насочени кон меѓугенерациско дружење и континуирана меѓугенерациска соработка – истакна Богоев.