Тасевски за „Фокус“: Стевчо Јакимовски да си го плати долгот, Драмски сака чисти сметки – не должиме никој, не сакаме ни да ни должат

by Fokus 15:37
15:37

Директорот на Драмски театар, Сашо Тасевски во изјава за „Фокус“ вели дека градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски треба да си го подмири долгот спрема театарот, кој изнесува 50 илјади денари.

– Го повикувам господинот Јакимовски да си расчисти со долгот што го има спрема спрема Драмски, оти ние сакаме да си имаме чисти сметки со сите. Нашето мото е „Драмски театар не му должи на никој, и не сакаме никој да ни должи“. Не ми е јасно како Јакимовски оди по митинзи, ветува се и сешто, а не си ги подмирил долговите. Каков градоначалник планира да биде ако должи насекаде – истакна Тасевски.

- Advertising -

Од друга страна, градоначалникот на Карпош за медиумите истакна дека ако некаде должат, ќе си го подмират долгот.

 

Поврзани новости