Богоев: Општинските бараки на Карпош се дивоградба

by fokus

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев во вечерашното гостување на телевизија Телма откри дека општинските бараки во кои е сместена општината се дивоградби.

-Во понеделник кога ќе стигне извештајот од Државниот завод за ревизија ќе го поднесам до Основното јавно обвинителство. Во извештајот се откриени случаи во кои се трошени големи суми на пари за кои нема финансиски извештаи и приложени сметки. Општнската градба на Карпош е дивоградба. Бараките се градени без одлука на Советот. Понатаму, тендерот за градење е сомнителен, рече Богоев.

Поврзани новости