Јанчев: Немаме никакви опструкции од Владата, имаме одлична соработка со министерствата

by fokus

Градоначалникот на Кавадарци кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека општината има одлична соработка со министерствата и нема опструкции од Владата.

-Во делот на Владата, особено во делот на министерствата имаме комуникација, немаме опструкции, одговараат навремено, си ги вршиме нашите дејности, ни одговараат со блок дотациите, немаме опструкции во делот на пуштањето на средства. Имаме соработка во делот на креативни идеи, поднесување нови проекти за градинки, за инстраструктурни проекти, со Агенцијата за држнавни патишта, со Министерство за внатрешни работи. Ние имаме одлична соработка без разлика што сме од различни партии, рече Јанчев.

Поврзани новости