99 отсто екстерното тестирање ќе се укине по редовна постапка до утре вечер, во изјава за Фокус вели пратеникот од СДСМ, Стефан Богоев.
-Колегите од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да го кочат и одолговлекуваат укинувањето на екстерното тестирање. Тоа на дневен ред ќе биде ставено на утрешната седница и се очекува да има по неколку дискутанти од двете страни и потоа да се премине на гласање, вели Богоев.
Тој додава дека ако се оди според планираното, екстерното тестирање ќе се укине до утре вечер, а доколку треба ќе се работи и во сабота и недела. Богоев вели дека ако се случи нешто спротивно од најавите, тогаш министерката за образование, Рената Десковска, ќе ги искористи нејзините ингеренции, но се надеваат дека нема да има потреба од тоа.
Катерина Смилева