677
Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во гостувањето во ТВ 24 го повтори ставот на партијата дека за личност како Гоце Делчев нема преговори и не се прави никакво предавство.
„Делчев е македонски национален херој, длабоко врежан во нашата историја и обврска ни е на сите да го чуваме неговиот лик и дело. Некоректно е Делчев да го сведуваме на декларации, бидејќи денеска се работи за него, утре ќе биде за нешто друго. Дали е поентата цело време да идеме со декларации“, рече Богоев.