Богоев: Не сум отуѓил ниту една парцела за идеите на Боки 13

by fokus

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, тврди дека не отуѓил ниту една парцела за идеите на осомничениот во аферата „Рекет“, Бојан Јовановски Боки 13. Засега јавноста едиснтвено потписот на Богоев го виде на меморандумот за соработка со невладината на Боки 13, објави „Телма“.

-Ништо нема апсолутно, ниту предлог, ниту парцела има, ниту детален план, нема ниту иницијатива за промена на ДУП, буквално ништо, не постои таква работа во Општината – вели Богоев за „Телма“.

Во меѓувреме им се губи трага на 233 илјади евра кои компанијата ДРИМ БИЛДИНГ Струга ги префрлила на потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ, преку авторски договор.

Мандиќ е недостапна, а последната информација е дека фирмата од Струга заради неисполените обврски во договорот до кој стаса Телма си побарала назад 350 илјади евра со се пресметени казнени пенали.

По само 3 месеци откако Бојан Јовановски и Јасна Мандиќ ке соберат 1,000, 000 милион евра од бизнисмени, во април 2018 –та ќе најават дека отвораат нова телевизија под нивна раководна палка.

Поврзани новости