817
Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во гостувањето на Сител телевизија даде свој коментар околу вчерашниот протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Како што истакна тој, видел класичен партиски протест без голема бројка на присутни граѓани.
„Тоа беше класичен партиски протест, без спектакуларна бројка на присутни, ниту пак неопределени граѓани, со излитени фрази и повторување едно исто од стана на ВМРО-ДПМНЕ. Прилично добар дел од пораките се излитени фрази и се повторување на едно па исто“ рече Богоев.