Богоев ќе го продава џипот на Стевче и уште три други возила за да купат камионче за одржување на хигиената во општината

by Fokus

Советот на Општина Карпош донесе одлука за давање на продажба на четири автомобили, меѓу нив: „ауди Q7“, потоа „Санг Јонг“, „Форд фиеста“, „Волво“ и „Застава југо“, потврди за „Фокус“, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

Тој додава дека парите од продажбата на возилата ќе бидат пренаменети за набавка на ново возило за собирање на отпад и лисја.

– Со парите ќе купиме ново камионче за собирање на отпад и лисја. Тоа ќе биде обично товарно камионче наместо луксуз, зошто имаме проблем со хигиената во општината – истакна Богоев.

Инаку, џипот „Ауди Q7“ го користел поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски.

 

 

Поврзани новости